Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

 

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни.

 

Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар.

 

Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици.

 

Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност. Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма.

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик“

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ

ВО ШАНГАЈ ПОЛНА САЛА И АПЛАУЗИ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „РУИНИ“ НА ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА ЗА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.