(ФОТО-ВИДЕО)Прилепските ротаријанци со донација за здрава исхрана во детските градинки „Наша иднина“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Ротари клуб“ – Прилеп по повод 18 години од постоењето на организираното ротаријанство во Прилеп донираше 18 апарати за пасирање храна и 180 килограми овошје и зеленчук за потребите на ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп. Децата во градинката „Гоце Делчев“ заедно со воспитувачите, опремени со капи и престилки се запознаа како се подготвува  храната која што подоцна е преточена во вкусни и здрави сокчиња.

Поводот за донацијата е полнолетството на Ротари клуб Прилеп, а причината е нискиот процент на конзумирање на овошје и зеленчук на македонските деца и подигнување на свеста за здрава исхрана, потенцираше Орде Ѓорѓиоски, претседател на Ротари клуб Прилеп и посочи дека планирана е уште една донација од дополнителни 2 прочистувачи на воздух во наредните месеци за прилепските детски градинки.

„ Македонија е последна во Европа по консумација на овошје, бидејќи само 18% од младата популација јаде овошје, а само 21% од децата јадат зеленчук. Од друга страна фрапантен е податокот дека 31% од децата имаат зголемена телесна тежина, а 17, 5 од децата влегуваат во категорија која треба да се третира поради телесната тежина“, потенцираше Ѓорѓиоски од Ротари клуб Прилеп за причините при изборот на донацијата. 

Изразувајќи благодараност за донацијата Билјана Петкоска, директорка на ЈОДГ „Наша иднина“ Прилеп рече дека во институцијата работи посебен тим кој што се грижи за правилна здрава исхрана кај децата.

„ Секојдневно ги планираме оброците да имаат разновидност, меѓутоа и да бидат нутритивно соодветно подготвени. Во текот на петте работни денови имаме различни подготовки за појадок, ручек и ужинки. Имаме и стручен тим кој работи на исхраната кај децата секојдневно, а имаме и обуки за подобрување на здравата исхрана,“ рече Петкоска, директорка на ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп. 

Ротари Клуб Прилеп донираше претходно 21 прочистувач на воздух, апарати кои го подобруваат квалитетот на амбиенталниот воздух во објектите на прилепските градинки што пак придонесува за намален број дечиња кои отсуствуваат од градинка заради грип или настинки во периодот карактеристичен за вакви сезонски заболувања.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ВНИМАТЕЛНО: Каде од локалните водоводи водата не е за пиење?!

Во  Лок .в.с.Ореовец – јавна чешма која се наоѓа во сред село, како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма , не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути....

Најхуманиот прилепчанец, Живко Ангелски 100 пати крводарител

Под слоганот „Дарувај крв, спаси живот“, Црвениот крст – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина во просториите на општината организираа крводарителска акција, на која се вклучија над 70 крводарители. Како дел од оваа акција, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски заедно со претставниците од Црвениот крст – Прилеп им доделија признанија...

Градските власти во Прилеп на ифтар со Исламската верска заедница

Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување  на луѓето. Преку оваа традиција се  премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување   дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не...