(ВИДЕО)„Преку филм до свест”📽️Како да го препознаеме и спречиме насилството?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа  во киното „Мис Стон“, филмското платно не беше само за забава – тоа беше огледало на нашата сурова реалност. Преку настанот „Преку филм до свест“,, како да го препознаеме и спречиме насилството? На овие прашања , одговорите ги бараа учениците при средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко” – Прилеп, во рамките на активноста во организација на младинската организација при ова училиште (училишната ученичка заедница).По проекцијата на краткиот филм учениците дискутираа и докажаа дека не се само неми набљудувачи на она што се случува околу нас , односно дека тие се генерацијата која одбива да молчи и која ја препознава сопствената моќ во градењето на побезбедна средина.
Зошто ова е важно? Насилството често успева токму поради тишината. Синоќа  преку филмските приказни, се најде начин гласно дасе прозбори  за она што боли, за она што го гледаме во училишните ходници и на социјалните мрежи.Да престанеме да игнорираме , да почнеме да дејствуваме заедно и заедно да градиме иднина без страв , беше кажано меѓудругото на вчерашната дискусија.
Настанот се реализираше во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а се спроведува од Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со Детскa фондација Песталоци, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi р и SmartUp – Social Innovation Lab .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се бара исчезната 31 годишна жена од с.Локвени

Во полицискатаа станица во општина Долнени е пријавено дека исчезната е 31годишна. Сопругоот вчера во попладневните часови забележал дека жената ја немало во домот. Имено, на 11.03.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Ропотово, лицето Н.З.(34) од с.Локвени, општина Долнени пријавило дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Ф.З.(31)...

Испорачано првото од 9 комунални возила за Општина Прилеп

Општина Прилеп го доби првото, специјалнизирано комунални возила за собирање и транспорт на отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Регионлната програма за управување со цврст опад (РСУО) Возилото е со капацитет од 8 кубни метри и е едно од 9 те специјалнизиран камиони за...

70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба,...