70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.

Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.

И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.

Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет.

По 70 години Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се одрази ли врз локалната економија отпуштањето работници од „Генетерм“?!

На инфо средбата во Прилеп заменик-министерот за економија Марјан Ристески, изјави дека американската компанија Gentherm во ТИРЗ Прилеп ќе го намали бројот на работници поради осовременување на производството и најави нов инвестиција во ТИРЗ зоната. За ова нема официјална потврда колку вработени ќе бидат опфатени, но неофицијално се споменува бројка...

Доделени вредносни ваучари за најдобрите маски на „Прочка 2026“

Денеска Општина Прилеп, како организатор на карневалот „Прочка 2026“, во знак на благоданост им додели вредносни ваучари за патување на учеснците на карневалот. Со овие средства организаторот очекува прилепските маски да ги искористат за учество на карневали во нашата држава, но и надвор од неа, “бидејќи, преку нив го промовираме...

Промена на ул.“Александар Македонски„ со спуштени ивичњаци и нивелирани шахти

По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, реализираи се корективни зафати на патната инфраструктура. Иако, улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажало дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот.  “