Ќе се одрази ли врз локалната економија отпуштањето работници од „Генетерм“?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На инфо средбата во Прилеп заменик-министерот за економија Марјан Ристески, изјави дека американската компанија Gentherm во ТИРЗ Прилеп ќе го намали бројот на работници поради осовременување на производството и најави нов инвестиција во ТИРЗ зоната.

За ова нема официјална потврда колку вработени ќе бидат опфатени, но неофицијално се споменува бројка од околу 400 лица, како и можност дел од производството да се префрли во Мароко, а дел повторно да се врати во Украина.

Ристески тврди дека ударот врз прилепскиот пазар на труд би можел делумно да се ублажи со новиот погон на германската компанија WIK Group, кој, според неговата изјава, треба да биде отворен за околу еден месец во ТИРЗ-от  во Прилеп. Тој, во изјава, посочи  дека дел од луѓето кои ќе останат без работа во „Гентерм“ би можеле да најдат ангажман таму, но засега тоа останува очекување, а не конкретен план со објавени бројки.

Нашата цел е и понатаму како Влада да привлекуваме странски инвеститори,да ги зголемуваме инвестиците, знаеме дека за еден месец ќе биде отворен новиот погон од ВИК, така да голем дел од овие кои ќе останат без работа,поради новата линија и новиот технолошки процес во Гентерм, се надевам дека ќе најдат работно место во новоотворениот погон на ВИК. Нашата цел како Влада е да се намалува невработеност. Тоа го потврдува минатата година 2025, каде според статистиката на ДЗС имавме 10.000 нови вработувања во Македонија.„ изјави на ифо средбата во Прилеп, заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Дали со ова Прилеп влегуваат во период на нова неизвесност, во кој локалната економија повторно ќе зависи од тоа дали новата инвестиции навистина ќе го апсорбираат делот од отпуштениот кадар од „Гентерм“?!  Дали ова ќе се случи останува времето да покаже, бидјеќи и ВИК е приватна компанија која сигруно има свој план и програма за ангажман на работна сила.

 

Нофицијално отпуштање на вработени ќе има и во конзорциумот “Бехтел и Енка“ кој го гради автопатот Прилеп-Битола. Според Ристески Владата не му должи ништо на конзорзиумот за да биде причина за отпуштање на работници.

Инаку, во јули 2025 беше објавено дека американската компанијата за производство на автомобилски делови “Генетерм“ која се наоѓа во ТИРЗ зоната во Прилеп и Владата потпишале нов инвестициски циклус  од 30 милиони евра, со најава за дополнителни 300 нови вработувања,Но  по изјавата од заменик Министерот за економија и труд Марјан Ристески за отпуштања на работници од оваа компанијата, оваа тема чувствителна за градот под Марковите кули.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

70 години Витаминка – вкусот што ги поврзува генерациите

Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба,...

Доделени вредносни ваучари за најдобрите маски на „Прочка 2026“

Денеска Општина Прилеп, како организатор на карневалот „Прочка 2026“, во знак на благоданост им додели вредносни ваучари за патување на учеснците на карневалот. Со овие средства организаторот очекува прилепските маски да ги искористат за учество на карневали во нашата држава, но и надвор од неа, “бидејќи, преку нив го промовираме...

Промена на ул.“Александар Македонски„ со спуштени ивичњаци и нивелирани шахти

По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, реализираи се корективни зафати на патната инфраструктура. Иако, улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажало дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот.  “