Растат трошоците за живот – инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ДЗС потенцира дека растот на трошоците е резултат на повисоки цени во повеќе сектори, а инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија. Во февруари е измерeна инфлација од 2,9 проценти.

Во февруари 2026 година, трошоците за живот во Македонија бележат умерен раст, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС). На месечно ниво, трошоците се зголемиле за 0,2%, додека на годишно ниво растот изнесува 2,9%.

Индексот на цените на мало покажува дека земјоделските производи на месечно ниво се поскапи за 0,7%, а алкохолните и безалкохолните пијалаци за 0,5%. Сепак, некои категории покажуваат намалување. Трошоците за покуќнина, опрема за домаќинството, здравствена заштита, транспорт и комуникации се пониски за 0,2–0,8% во споредба со јануари.

На годишно ниво, најголемо поскапување има кај земјоделските производи 3,4% и индустриско-прехранбените производи 3,3%, додека непрехранбените индустриски производи и тутунот поскапеле за 1,9 процент. Рекреација, спорт и култура се поскапи за 5,4%, што е најголем раст меѓу сите сектори.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп

Во просториите на Општината доцна попладнево се одржа редовниот “Приемен ден на градоначалникот“, на кој граѓаните имаа можност директно да ги изложат своите проблеми, предлози и идеи. Десетици жители од различни делови на градот дојдоа за да разговараат за прашања поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги, урбанистичките планови и социјалната поддршка....

Еден возел без возачка, дург возел иако имал забрана за возење моторно возило

Полицијата го привела прилепчанецот кој управувал возело со изречена забрана да вози и му го одзела моторното возило.Тоа истото му се случило и и  59 годишен кривогаштанец кој, пак,  управувал возило без да има возачка дозвола. На 08.03.2026 во 13:30 часот на патот Прилеп-Крушево полициски службеници од ОВР Прилеп го...

Внимателно: На стариот пат од Прилеп до Битола

На стариот пат Прилеп – Битола,  и единсвениот пат што ги поврзува овие два града поради изградбата на новиот регионален пат,  може да се сретнат и вакви возила (фотографијата е од поратлот Апла, на кои реагираа многу граѓани, плашејќи се за безбедноста) . За видот на возилот не зборуваме, но...