Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

На 07.03.2026 во 02:20 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ј.(34) од Кавадарци. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., при што констатирале дека не поседувал важечка возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 05.03.2026 во 16:30 часот на ул.„Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Р.(62) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле озмерени 2,06 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.03.2026 во 21:10 часот на ул.„Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.П.(49) од с.Подвис, кичевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.П.,  при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле  2;44 промили  алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...