– На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Т.(59) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 03.03.2026 агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото.
Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









