Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти:

„Апсолутно дека има веќе придвижување, ние како Влада најавивме веќе неколку проекти и тие неколку проекти во периодот кој што следи, бидејќи се завршени тендерските постапки, тука се мисли на линијата за водоснабдување, за мостот, за влезот од јужната страна на градот. Сето тоа е завршено и очекуваме со градоначалникот, кој што беше пред некој ден на состанок кај мене, да појдеме во Кочани и да го формализираме сето тоа, да започнеме со реализација на тие проекти.“ – вели премиерот Мицкоски.

Според него започнато е и проектирањето на продолжетокот на експресниот пат Штип – Кочани:

„Започнато е и проектирањето на делницата Кочани – Виница – Делчево, која што претставува децениски проект за истокот и кој што е многу значен како проект. Заедно со Европската комисија работиме и на таргетирање на останатите проекти, така што сето тоа кое што сме го кажале, ние ќе го завршиме.“ – подвлекува Мицкоски.

Кочани е втор по големина град во Источниот регион, а во предизборната кампања за Локалните избори лани главна тема беше запоставеноста на градот од инфраструктурен, културен и образовен аспект, на што Владата во поддршката на актуелниот градоначалник на изборите вети 100 милиони евра инвестиции преку проект наречен „Кочани 2030“.

Исто така, Мицковски посочи дека планира да присуствува на повеќе комеморативни настани поврзани со годишнината од трагедијата во Кочани:

„И во Кочани и во Скопје, знам дека вчера за време на пратеничките прашања, ме информираа пратениците дека ќе има и комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет ќе организираме настан, на кој што ќе поканиме дел од медицинските екипи кои што помагаа, кои што ќе бидат тука. Ние како Влада обезбедуваме транспорт, смештај, еден вид конференција, комеморативна седница ме информираше градоначалникот дека ќе има во Кочани, така што на сите овие настани ќе присуствувам, се разбира.“ – изјави Мицкоски.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Уапсен насилник од Виница…

– На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Т.(59) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 03.03.2026 агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот

Тешко повреден пешак по удар од автомобил во Кочани

На 04.03.2026 во 06:55 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „мазда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Л.(57) од Кочани, удрило во Д.К.(47) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.К., констатирани во болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од