Во недела по 13-ти пат – „Кrali Marko Trails” – трки за незаборав со митски и духовни мотиви

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Над 300 учесници од 17 земји ќе земат учество на 13-то издание на „Krali Marko Trails” несекојдневен авантуристички но и спортски настан исполнет со многу предизвици за самите учесници.Околу 40 волонтери ќе помагаат при самото одржување на настанот  како и членовите од прилепскиот извиднички одред  Феникс.Околу здравјето и безбедноста на натпреварувачите кои ќе трчаат во планинските предели околу Прилеп , ќе се погрижат спасувачи од Прилеп како и две статички медицински  екипи кои ќе ги контролираат учесниците.’

Овој настан изобилува со митски и духовни мотиви ,кои го одземаат здивот  велат организаторите па така натпреварувачите посакуваат повторно да се вратат на истите патеки. По стапките на Крали Марко , се уникатни трки во кои што уживаат сите , особено ако се знае дека трките кои се дел од настанот имаат различна должина и нормално различен предизвик за учесниците.

Најдолгата трка на „Krali Marko Trails ” е таканаречената Камена Баба во должина од 40 километри , Treskavec Trails 23 i 13 километри е трката Маркукуле.Стартот на трките е закажсн за во недела , 8-ми март .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...