(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори се наметнуваат во време на глобализација, интернет, социјалните мрежи, масовни медиуми, користење на непроверени информативни содржини.

Во битката да се создаде квантитет – бројност, количина, често во научните истражувања тоа се прави на сметка на квалитетот, што пак, ги отвара прашањата за почитување на етичките насоки при научните истражувања, зошто и колку тие треба да се применуваат.

„Ако зборуваме за институциите кои што продуцираат високообразовни кадри, значи академски кадри, магистри, доктори на науки, научници, тука се разбира се институтите, истражувањето што го работев не се опфатени институтите, туку само  македонските универзитети. На страната на Министерството за образование и наука постојат 17, од нив еден е затворен, значи 16 актуелни универзитети, од нив два немаат етички кодекс или можеби не е достапен на нивната веб страна. Другите имаат, и помалку или повеќе, запишани се етичките норми, етичките принципи до кои треба да се предржува научниот работник, во научно-истражувачкиот процес. Но она што недостига, е еден многу значен принцип, што се вика „Информирана согласност“. Значи, голем дел од содржината и од принципите се однесуваат и третираат релацијата студент-професор, а не толку доволно е посветено на етичкиот момент во научно-истражувачкиот процес, односно улогата што ја има на научниот работник. Треба, според мене, да се донесе етички кодекс кој буквално ќе биде фокусиран на научно-истражувачкиот процес и во тој процес да биде дефинирано. Па, да се води сметка за ранливите групи, да се води сметка за етика од повеќе аспекти: конфликт на интереси, за недискриминација, за неексплоатација.  Постојат 10 принципи од нив отсуствува принципот на „информирана согласност“. Со едноставни зборови, тоа значи:  кога вклучувате луѓе во процесот на истражување, тие мораат да бидат информирани за целите, мораат да бидат информирани за се’ она во кое што тие се вклучени во самото истражување. Дали станова збор за лекови, за третман во лекови, за испитување на односно процеси во општеството, во заедницата, како што реков граѓани од ранливите групи, значи, неопходна е таа „информирана согласност. Треба да се согласи лицето, граѓанинот кој што е вклучен во тој процес, дури со изјава, па дури потоа да може да се пристапи. Постои уште еден императив кој што вели, доколку се загрози хуманиот аспект на истражувањето, истражувањето ја губи целта. Не може по секоја цена да се прават истражувачки процеси, ако тие нанесуваат огромна штета на граѓаните, на лицата кои се дел од ова истражување“, рече Талеска.

На предавањето учествуваа членови на ДНУ Прилеп, професори, ученици од Гимназијата Мирче Ацев и граѓани заинтересирани за темата која што денес добива на тежина ако се земат во предвид актуелните случувања во двата паралелни светови во кои што динамично живееме – виртуелниот и реалниот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...

Музика, позитивна енергија , грижа за себе – хепенинг на СОУ „Ѓорче Петров”

По повод престојниот празник 8-ми март , денот на жената , учениците од образовниот профил , фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп , денеска во центарот на градот , кај камената бина организираа , настан , кои како што тие го нарекоа , хепенинг , настан кој ги...