На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект.
Полициски службеници од ОВР Виница излегле на местото и било констатирано дека на локацијата со употреба на рачен алат бил вршен ископ од западната страна на гробница „Могила“ и бил направен тунел со ширина од еден метар и должина од 9,5 метри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









