Музика, позитивна енергија , грижа за себе – хепенинг на СОУ „Ѓорче Петров”

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод престојниот празник 8-ми март , денот на жената , учениците од образовниот профил , фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп , денеска во центарот на градот , кај камената бина организираа , настан , кои како што тие го нарекоа , хепенинг , настан кој ги спојува здравјето , музиката и добрата атмосфера.

Ова е веќе втора година како организираме ваков настан , хепенинг го нарекиваме , каде учествуваат учениците од профилот фармацевтско лабараториски техничар каде ги демонстрираме нашите препарати кои ги правиме во нашата лабараторија, тоа се различни масти , сапуни , свеќи итн и воедно мериме бесплатно шеќер и притисок на минувачите.Заедно со Зегин имаме соработка со тоа што тие мерат витаминско минерален статус на минувачите .Ова го правиме по повод осми март денот на жената за да ја промовираме нашата струка , самите деца да се докажат со струката и она што го прават во лабараторија и секако да биде еден поттик за нив и за минувачите повеќе да дознаат за самото училиште и струките кои ги има во истото , рече стручниот  професор  Наташа Најдоска  за Радио Пела.Присутните имаа можност , бесплатно да измерат крвен притисок , да го проверат нивото на  шеќер во крвта, да го проверат витаминско – минералниот статус а секако и да изберат и купат од производите кои ги нуди струката во ова средно училиште , но и да уживаат во музичкиот дел подготвен од бендот „The Doctors”

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...