32-годишен од Кочани возел без положен возачки испит. Друг кочанчанец возел иако имал забрана за управување.
Двете возила одземени, возачите лишени од слобода
На 02.03.2026 во 11:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода О.Д.(32) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Тодосија Паунов“ со кочански регистарски ознаки, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека О.Д. го управувал возилото без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.03.2026 во 10:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Г.(45) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Д.Г. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категогија.
Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









