Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година.

„Организирани беа бројни спортски манифестации кои покажаа дека училишниот спорт во Прилеп има континуитет, квалитет и сериозна посветеност. Овие пехари и признанија се потврда за системска работа, за вложениот труд на учениците, наставниците и менторите, како и за поддршката од училиштата“  велат организаторите.

„Спортот ги учи младите на дисциплина, тимска одговорност, почит и истрајност, вредности што се темел за здраво и силно општество. Им честитам на сите наградени ученици и училишта и на Сојузот на училишен спорт за нивната посветеност.“, посочи градоначалнкот на Оптшина Прилеп, Дејан Проднаоски.

Општина Прилеп најави дека ќе продолжи со активна соработка и поддршка на училишниот спорт и во наредниот период во насока на подобрување на условите за спортување, модернизација на спортската инфраструктура и создавање можности што ќе им овозможат на младите да го развиваат својот потенцијал во спортот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...