Ловното здружение „Осогово Кочани“ повторно стана корисник на ловиштата бр.5 „Бање“ и бр.6 „Подлог“ за следните 20 години. Членовите на здружението изразија благодарност до сите досегашни и идни членови и соработници кои придонесоа за остварување на целите и обврските на здружението. „Се надеваме дека соработката ќе продолжи и традицијата на ловење, која постои од 1924 година, ќе се зачува“, велат од „Осогово Кочани“.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









