Инспектор од Кочани му помагал на осомничено лице

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата”.

Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на продолжено кривично дело „измама”. Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив.

Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови. Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури. Соработувала со единствениот весник за хумор

АДИНГ – Компанија со 57 годишна традиција во градежништвото

АДИНГ –  македонска компанија за градежни материјали со 55 годишна традиција, побарајте ги во Градежен центар – КУЗЕ 2000 Кочани! Се на едно место од докажано најквалитетниот бренд на пазарот и тоа: – СТИРОКОЛ – најквалитетните лепила за стиропор – ХИДРОФАС и АДИНГФАС – најтрајните фасадни абриби – ХИДРОКОЛ –  најсилните лепила за керамика на

Во Прогресив Академијата на „Винчини“ денеска интерактивна работилница со д-р Белевска

Во просториите на Прогресив Академијата на „Винчини“ во Виница денеска  ќе се одржи работлиница на тема „Простор за болка, пат кон обнова“ во организација на „Ротари Феникс центарот“ на Ротари клубот „Кочани – Виница“. Работилницата има за цел да создаде безбеден и поддржувачки простор за психолошка рехабилитација по кризни и трауматски настани во заедницата. Под