Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното.
Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат за бесправна градба и претставуваат кривично дело.
Воедно за истото го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да има во предвид за понатамошно продолжување на договорот за концесија кој истекува наскоро.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









