Прилеп денеска живееше под маска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп денеска живееше под маска. Над 300 групни и поединечни маски беа дел од карневалското празнување. Мечкарите чија маска ова годаина празнува постоење од еден век, ја предводеа карневалска поворката, а на карневалското случување беа голем број и други маски кои го имаа прилепскиот мајтап, го отсликуваа социјалниот момент, но и традиционални и модерни маски кои ја збогатуваа карневалската содржина во Прилеп. Со еден збор, секој, и старо и младо, се маскирал како што се чувствува.

Прилеп оваа година одбележа 25 години Прочка и 100 години од најавтентичната маска „Прилепски мечкари“. По тој повод градот го посети и претседателот на Европски асоцијација на карневалски градови, Ларс Аргел, кој беше дел од карневалската дружба.

Многу ми е драго што сум тука,гледам многу познаит лица,а особено се свежи сеќавањата кога имаше Светска конфенција на карневалски градови ,тука во Прилеп, и сум навситина среќен што направивме еден рестарт на карневалот , изјави Алгел

Со особена чест можам да истакнам дека успешно го вративме меѓународниот карактер на карневалот. Му благодарам на претседателот на FECC, Ларс Алгел, како и на претставниците на сите македонски и европски градови кои беа дел од ова јубилејно издание. Прилеп повторно покажа дека е достоен домаќин! Маската „Прилепски мечкари“ останува наше нематеријално културно наследство и симбол на истрајноста, автентичноста и духот на нашиот народ. Горди сме што оваа традиција веќе цел век живее и се развива.“ истакна при оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски 

Карневалот Прочка има натпреварувачки карактер .Најдобрите маски беа наградени

Наградени маски од Меѓународниот карневал Прочка 2026 ГРАН ПРИ беше од Весела Фарма- ООУ Добре Јованоски Детски карневал: 1. Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот ООУ Кочо Рацин 2. Шах-Мат, ООУ Рампо Левката 3. Јинг Јанг, ООУ Кире Гаврилоски Јане

Возрасни: 1. Пепелашка на карневал, Зодијак 2. Прилепска златна кралица, СОУ Ѓорче Петров 3. Врховниот совет на смарагдите, Здружение за развој и едукација

Поединечни маски: Детска: Gothic girl, Мидеа Возрасни: Puxelstar, Мила Спиркоска

Карневалот Прочка има натпреварувачки карактер .Најдобрите маски беа наградени

Наградени маски од Меѓународниот карневал Прочка 2026 ГРАН ПРИ беше од Весела Фарма- ООУ Добре Јованоски Детски карневал: 1. Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот ООУ Кочо Рацин 2. Шах-Мат, ООУ Рампо Левката 3. Јинг Јанг, ООУ Кире Гаврилоски Јане

Возрасни: 1. Пепелашка на карневал, Зодијак 2. Прилепска златна кралица, СОУ Ѓорче Петров 3. Врховниот совет на смарагдите, Здружение за развој и едукација

Поединечни маски: Детска: Gothic girl, Мидеа Возрасни: Puxelstar, Мила Спиркоска

Прочка или Прошка е поврзана со простувањето. Вечерва помладите од постарите бараат простување, прост ако згрешиле нешто во текот на годината. Барањето прошка е дел од обредот да се остават лошите работи зад старата година и во новата да se влезе ослободен од тегобите и гревовите.

Утре,pak, започнува Велигденскиот пост. Утре на т.н „Чист Понеделник“, прилепските касапи даваат ручек на учесниците на карневалското случување во Прилеп.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...