Возел пијан со над 4 пати алкохол во крвта од дозволеното

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полицијата синоќа лишила од слобода прилепчанец кој возел пијан со над 4 пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното, ќе следува соодветна пријава посочуваат од СВР Битола:

На 21.02.2026 во 19:00 часот на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Д. од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „форд ” со прилепско регистарски ознаки управувано од Г.Д. при што констатирано било дека истиот го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.68 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување на возило” казниво по чл.297-а од кривичен Законик. 

Да потсетиме во Македонија, максимално дозволеното ниво на алкохол во крвта за возачи е 0,5 промили, додека за возачи почетници, професионални возачи и возачи на моторни возила од категориите Ц, Д и Е, толеранцијата е 0,0 промили. Секоја количина над законскиот лимит се казнува парично и со забрана за управување.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Победа сепак денеска играше и прими пет гола од Новаци

И, покрја турбуленциите во клубот Победа денеска се вклучи во проелтниод дел од натреварувањето во ВМФЛ и играше на домашен терен против Новаци, каде прим пет гола со тимот кои го спасува клубот. Тимот играше без публика, бидејќи Победа  е казнет со неколку натпревари од ФФМ поради недолично однесување на...

Конески: Јазикот е единствената наша татковина – Ден на мајчиниот јазик

Во светот 21 февруари се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а...

Детскиот карневал “Прочка“ ја најави и разбуди магијата под маски во Прилеп

Детскиот карневал Прочка 2026 ги воодушеви посетителите и како предвесник го најави утрешното карневалско збиднување во Прилеп. Традиционалното македонско оро и народната носија, весели танчарки, домино група, балетска група, пчелички … забавно, разиграно, весело, придружувани со многу насмевки со одлично расположение и аплаузи од публиката во центарот на Прилеп продефилираа над 200 учесници. Со голема креативност, иновативност, колоритност, со автентична кореографија, ученици од...