За еден месец трошоците за живот пораснале за 1.000 денари покажува синдикалната кошничка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во однос на јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари, што претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната синдикална кошница се искачува на 82.757 денари.

Зголемување од речиси илјада денари има и кај трошоците за храна. Во јануари за основни намирници биле потребни 24.211 денари, додека во февруари сумата се зголеми на 25.156 денари.

Според ССМ за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата за март е веќе „изедено“ од растот на синдикалната кошница.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За поголема контрола на терен – Министерството за енергетика отвора канцеларија на инспекторатoт во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски денеска остварил работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство. Воедно се одржала и средба со најистакнатите концесионери од прилепскиот регион. Се разговарало за актуелните состојби и предизвиците во енергетскиот и рударскиот сектор,...

„Богот на колежот“ претстава за лицемерието и леснотијата со која се напуштаат принципите кога човек се соочи со непријатност

На 28 февруари/сабота/ и на 1 Март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза – адаптација и режија на Весна Петрушевска. Ликовите во претставата...

(ФОТО-ВИДЕО) Карневал Прочка 2026 изложба на маски – децата ја чуваат традицијата

Прилеп од денеска е во прочкарска еуфорија. Настаните традиционално започнуваат со изложбата на маски од основните и средни училишта. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од денеска, па наредниве 7 денови, е поставена изложбата на маски изработени од учениците. Со тоа  започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2026“....