„Богот на колежот“ претстава за лицемерието и леснотијата со која се напуштаат принципите кога човек се соочи со непријатност

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 28 февруари/сабота/ и на 1 Март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза – адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Ликовите во претставата се опседнати со сопственото морално позирање, тврдејќи дека не го поддржуваат насилството, потенцираат на невиноста на детската игра, но и манипулираат со детската наивност која резултира со агресивност. Лицемерието ги истакнува контрадикторностите во нивните вредности и леснотијата со која луѓето можат да ги напуштат своите принципи кога ќе се соочат со непријатност, родителство и животна одговорност кон нив. Се поставуваат прашања за непходноста на деца, за да имаат извонредно добар брак, кој пак е затрпан со неброено многу проблеми и неизговорени зборови кои никако да се решат. Јасмина Реза само навидум нуди минималистичка структура, поставувајќи ги во квадратите на станот. Ова поставување ја засилува тензијата и клаустрофобијата, бидејќи ликовите се повеќе се гушат во сопствената плунка, пот и мирис. Дијалогот е остар, духовит и брз. Тој е исполнет со хумор што често ги покрива слоевите на анксиозност и предизвикува тригери. Публиката во улога на воајер е вовлечена во овој колеж и се забавува гледајќи ги, но крајната цел на оваа претстава е да се препознае секој еден од нив со горчлива задршка и мачнина во стомакот. Сведочењето на нивните слабости како и апсурдноста на нивните ситуации ги доведува до детска расправија ,така што нивниот интелектуален капацитет на кој толку многу се гордеат, пропаѓа. „Богот на колежот“ служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа помеѓу учтивоста и хаосот. Оваа ангажирана структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и вистинската сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.

Во претсавата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиевa, о актерска школа на Весна Петрушевска.

Претставата е  Ко-продукциски проект чие сценографија е на Татјана Христоска, костимографна  на Наталија Терзија, сценски движења на Кренаре Невзати-Кери, избор на музика на Весна Петрушевска , автор на песната  „Пепел и мрак&quot е на Игор Џамбазов , извршни продуценти е Симона Угриновска и Виктор Рубен и  превод е на Рајна Кошка-Хот.

Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес на билетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот и од 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За еден месец трошоците за живот пораснале за 1.000 денари покажува синдикалната кошничка

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во однос на јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денари, што претставува зголемување од 969 денари во споредба со јануари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни...

За поголема контрола на терен – Министерството за енергетика отвора канцеларија на инспекторатoт во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски денеска остварил работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство. Воедно се одржала и средба со најистакнатите концесионери од прилепскиот регион. Се разговарало за актуелните состојби и предизвиците во енергетскиот и рударскиот сектор,...

(ФОТО-ВИДЕО) Карневал Прочка 2026 изложба на маски – децата ја чуваат традицијата

Прилеп од денеска е во прочкарска еуфорија. Настаните традиционално започнуваат со изложбата на маски од основните и средни училишта. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од денеска, па наредниве 7 денови, е поставена изложбата на маски изработени од учениците. Со тоа  започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2026“....