Михајлов: Ако згасне Победа поголем срам за Прилеп од ова – нема да има! 

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Бардот на македонското спортско новинарство, почитувач и вљубеник на прилепскиот фудбал и Победа – Зоран Михајлов, деновиве е актуелен по своите заложби за спас на ФК Победа. По низата информации периодов, а особено по денешната прес конференција на Градскиот стадион во Прилеп и во просториите на клубот,  Михајлов за Радио Пела сподели :

1. Не гледам излез, ама мислам оти со УЈП може да се најде заеднички договор; 
2. Да се види со Општината таа да стапи на сцена. Да се види како да се враќа долгот; 
3. Не ми е јасно кој е сега на чело на АД Победа, од кога се тие на чело и да се види во какви состојба бил клубот кога го преземале;
4. Да се бара одговорност и да се види што сториле со АД Победа, односно што пари вложиле и што потрошиле. Овде работите некако ми се јасни. 
Незнам, но треба да се стори нешто.
Победа не смее да згасне, никако!
Ако треба да се оди и во Владата и таму да се објасни каква е ситуацијата, зашто со Победа не може никоја да си игра.
Победа мора да постои, без неа градот го губи својот идентитет. Тоа на сите треба да им е јасно. Ако згасне Победа поголем срам за Прилеп од ова – нема да има! 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...