(ВИДЕО) „Бродот“ ФК Победа се’уште не е потонат!!!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На ден пред почетокот од пролетната сезона во Втората фудбалска лига, во ФК Победа лебди прашањето– ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?!

Актуелните мнозински сопственици на АД ФК Победа Прилеп се откажуваат од акциите и бараат раководењето да го преземе Општината.

Клубот е во милионски долгови, половина од играчите го напуштија клубот, само навивачката група „Мајмуни“ дава надеж дека нема да се откажат и дека екипата сеуште постои и в сабота ќе го одигра натпреварот со ФК Новаци на Градскиот стадион во Прилеп.

Доколку и тоа се случи фудбалерите да излезат на терен има уште еден хендикеп – Победа ќе остане без поддршка од трибините затоа е што казнета на 3 натпревари да настапува без публика.

Мнозинскиот сопственик на акциите Јана Попоска Мицкоска бара помош и спас од Општината и Градоначалникот на Прилеп со цел овој симбол на градот да не згасне. Ова е барањето на сопственичката:

Почитуван Градоначалник, Изминатава година станавме сопственици на мнозински пакет акции од ФК Победа Прилеп. Покрај нашите најдобри намери за чесно и професионално водење на Клубот кој претставува одбележје и гордост на градот, ние не успеавме да ги оствариме нашите намери поради причини кои се надвор од наши ингеренции. До денешен ден нас не ни е овозможен увид во досегашното работење на претходните управители, ниеден документ не е доставен, ни приложен и покрај инсистирањето од наша страна за што постојат докази. Сметката на Клубот е блокирана од страна на УЈП за долгови кои се провлекуваат од 2015 година за кои постоело начин за наплата меѓутоа се до преземањето на Клубот од наша страна долговите биле таложени и не беше постапено соодветно од ниедна институција. Како што разговаравме и со претходниот градоначалник, Ве известуваме дека ние сеуште инсистираме акциите на ФК Победа да ги преземе Општина Прилеп и покрај тоа што за прв пат акциите од Клубот се платени, а не добиени како подарок. Со цел овој Клуб, кој е белег на градот и дел од историјата Прилеп, да не згасне и да биде во вистински раце, ние очекуваме одговор од Ваша страна во најкус временски период да ни одговорите за начинот на кој Општината би ги презела акциите,“ стои во барањето на мнозинскиот сопственик.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО АД ФК ПОБЕДА ПРИЛЕП? 

На денешната средба на Градскиот стадион и во просториите на ФК Победа на која присуствуваа новинари, навивачи, фудбалери сегашни и поранешни, Филип Илиески, единствениот официјален претставник на клубот – извршен директор, ја претстави моменталната состојба.

Илиески бил назначен за извршен директор од од претходната управа, со мандат кој што трае до август 2026 та. Што се случило? Со продажбата на акциите на ФК Победа од април 2025 та мнозински сопственик со 70 % од акциите е Јана Поповска Мицкоска. Но, од преземањето на акционерското друштво до денес, дел од правните постапки не биле испочитувани па така не променета ни раководната структура на друштвото и клубот:

„На првото акционерско собрание кое не беше одржано по јавен повик објавен во медиуми, беше донесен нов управен одбор, нов извршен директор. Тоа не го спроведе Централен регистар заради неисполнување на законските услови за одржување на акционерско собрание. На третото акционерско собрание кое беше по правилен пат спроведено, сопствениците не донесоа одлука по точките на дневен ред на Акционерското собрание. Прва точка на дневен ред беше: Раководна структура на клубот. Не се донесе ниту една одлука. Се смогнаа сили заедно со Општината, со претходниот градоначалник Борче Јовчески да се почне сезоната додека не се изнајде трајно решение т.е како би продолжило да функционира Друштвото. Финансиската помош не стигна, долговите само се таложеа, сметката е блокирана од месец јуни 2025 та и стигнавме до оваа ситуација до која што сме сега: Раководна структура, одговорно лице сум јас од претходната Управа со мандат до август 2026 та,

“ вели Илиоски.

Многу прашања за одговорност, но основното е: Има ли шанси, макар минимални Победа да продолжи со натпревари во пролетната сезона? Само еден ден останува до стартот на пролетната сезона од Втората македонска лига. Потребно е да се испочуваат регулативи кои ќе овозможат клубот да се натпреварува. Дел од играчите ја напуштија Победа. Илиоски вели дека постојат  теоретски шанси бидејќи немаат доставен допис до ФФМ дека се откажуваат од понатамошни натпревари: 

„Теоретски – да, но во ситуацијава едноставно немаме елементарни услови за натпреварување, за ангажирање на нови играчи, ангажирање на стручен штаб и службени лица за продолжување на сезоната на натпревари. Наједноставно – принудени сме, ова не е одлука што ја носам јас или некој круг на луѓе, туку едноставно ситуацијата налага да сме принудени и не сме во можност да се натпреваруваме. Пред се’ не можеме да платиме превоз за гостување, за младински екипи, буквално тоа се елементарни услови за натпреварување од Втора фудбалска лига. Бев викнат два пати на состанок кај градоначалникот, имам комуникација со Стопанска комора, акционерите се децидни конкретно за Јана Попоска Мицкоска, како мнозински акционер се децидни дека не сакаат да го водат клубот за што има соопштение кое што е пратено до Општина Прилеп и до Стопанската комора,  Едноставно да останеме сите чисти пред себе си: ЗОШТО И КАКО ПОБЕДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА!“ вели Илиоски.

Доколку не се појават играчите на терен в сабота на 21 ви февруари  на Градски, дали клубот згаснува? Има ли и најмали шанси Победа да излезе на терен и да го започне натпреварот в сабота на Градски во Прилеп?

Теоретски шанси постојат, ние немаме допис пратено до ФФМ дека се откажуваме од натпреварувањето, а теоретски шанси постојат: можеме да излеземе со младинци, со комбиниран состав и покрај сите пенали и казни што би ги сноселе од Федерација може да излеземе. А може в сабота и да не излеземе и тоа не значи дека административно ние автоматски се враќаме во Четврта лига, зашто за такво нешто треба на 3 последователни натпревари да не се појавиме на терен. Така што би биле казнети со бодови, или со некоја казна од Федерација, а не е се’ загубено и да не се појавиме за оваа полусезона.

Кои елементарни услови се потребни за продолжување на натпреварите?  

Потребна е екипираност, јас тука ја адресирам Општината бидејќи сметам дека ова е клуб на градот, клуб со историја, со традиција и сепак најодговорна институција која што може да застане зад клубот е Општина Прилеп во овој момент.

Сметка е блокирана дали тоа значи дека не може да се прават никакви уплати за помош?

И покрај блокираната сметка, уплатата не е стопирана. Сметката е блокирана од УЈП поради присилна наплата на долгови и од еден или двајца извршители, но приливот на средства не е блокиран.

Чија е одговорноста за актуелната состојба?

Одговорноста се влечи наназад со годините. Долговите се таложат од 2018 та година, во изминатиов период каматата го надминува главниот долг. Најголемиот долг се: персонален данок, данок на доход и данок на добивка околу 7 милиони денари кон УЈП. Еден од основните услови за функционирање на АД Победа Прилеп е да има најмалку двајца вработени фудбалери. Во клубот сега има вработен само еден, а вториот ја напуштил екипата.

Општината обвини за неодговорно трошење пари по казина?

Јас немам таква информација, доколку ги имаат информациите да ги споделат со нас, посочи Филип Илиоски, извршен директор на АД ФК Поведа Прилеп, инаку адвокат по професија.

Што велат навивачите, дали тие ќе бидат последни кои ќе го напуштат „бродот“ што тоне? Тие се децидни дека нема да дозволат клубот кој што е гордост, љубов и симбол на Прилеп да не се појави на мегдан. 

– Ние идиме од љубов, ни финансии, ни глупости, еденствено што сакаме е не само навивачката група туку фудбалскиот клуб да постои, да направиме се’ што е во наши можности и во можност на градов. И бараме одговорност сите што краделе овде, дали да си ги вратат, дали по затвори да лежат… Општината и таа е виновна, затоа што срамота е еден град од 70 илјади жители да не може општината да го снабди еден клубот. Клубот е со долга традиција уште од 1952 година и да престани да постои, вели Стефан Илиески, долгогодишен член на навивачката група „Мајмуни“.

Навивачите бараат одговорност и бараат помош

-Бараме пред се’ да има одговорност за од 2018 та година и да видиме зошто клубот се соочи со финансиски проблеми. Да има одговорност, мора да има овде одговорност. За понатамошниот развој на клубот, ја повикуваме Општина Прилеп, како и секоја општина како што застанува зад својот клуб со дел од некакви средства да застане зад клубот. Затоа што гревота е овој клуб да згасне и по традиција од бивша Југославија и во Македонија најпосетениот клуб. Ова е по традиција и ние ова го доживуваме емоционално. Гревота се тука и децата, фудбалерите кои немаат примено плата последниве 5 години, а се дојдени тука да помогнат.

Дали има некакво решение за Победа да се натпреварува?

Ако не се најде решение, ние ќе се појавиме и ќе играме! Ние сме Победа, ние ќе играме во сабота, колку и да не’ казнат ние ќе играме!!! Нема да дозволиме децата да не излезат на терен и да не играат.  Пред се’ за фудбалерите, а после за клубот.

Ќе се натпреваруваме в сабота – оти Победа е над сите и сите ќе не’ надживее еден ден!

Кои играчи ќе настапат?

Имаме 5 до 6 играчи од сениорскиот тим и од младинскиот состав. В сабота играме на домашен терен со Новаци. Да ја известиме прилепската јавност дека не можеме да играме со публика, но ќе излеземе на терен заради гордоста наша, Александар Илиески, член на „Мајмуни“ и поранешен комесар за безбедност во ФК Победа.   

 Во спортот не треба да има политика 

– Овде се зборна дека блокирана била сметка во јуни, ние имаме информации дека била блокирана сметката на 25 ти декември и дека ако до тогаш беше префрлен тој милион денари што беше ветен од Општина ќе беше добра инекција за овие неколку играчи за да не ни заминат по други клубови. Имавме барем опстанок во лигата. Втора работа е што преземањето на клубот од новите акционери биле наводно излажани од некои за да ги купат акциите. Одма по купувањето нивно наводно, неофицијално почнала УЈП да чешла. Значи до 25 ти декември сметката не била блокирана. Значи до тогаш милионот можел да влези и да се освежи клубот, бидејќи бил на „апарати“, после тоа да се бара решение.

Кое е решението?

Решение – излегуваме! Решението е најдено, имаме поддршка од фудбалери што не се тука, беа претходно кај нас и втор клуб што заминаа во Македонија, ќе си ја одржуваат формата и ќе одиграат за нас. Организациски ни беше понудено навивачката група да ја истераме полусезоната. Незнам од кои причини не сака да прифати, зошто не можеме да знаеме. Политиката најлошо е многу влезена во клубот, рече Сашко Андриески, долгогодишен член на навивачката група Мајмуни.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Михајлов: Ако згасне Победа поголем срам за Прилеп од ова – нема да има! 

Бардот на македонското спортско новинарство, почитувач и вљубеник на прилепскиот фудбал и Победа – Зоран Михајлов, деновиве е актуелен по своите заложби за спас на ФК Победа. По низата информации периодов, а особено по денешната прес конференција на Градскиот стадион во Прилеп и во просториите на клубот,  Михајлов за Радио...

Николоски: На скопскиот и охридскио аеродром поминале над 3,5 милиони патници

На отчетот на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на новинарско прашање посочи дека Македонија има нови 23 директни летови, а минатата година на охридскиот и скопскиот аеродром поминале над 3,5 милиони патници,што е голем за Македонија. Оваа година скопскиот аеродром се...

Николоски од Прилеп: За превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања, користејќи ги превознците. Превозниците со протестите го остварија едно од основните...