(ВИДЕО)Реколта 2025 та рекордна, за 2026 во очекување се повисоки цени за новите договори

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Откупот на тутунот е пред самиот крај, на 10 денови пред законскиот утврден рок откупени се над 26 000 тони ориентален ароматичен тутун, што е далеку над очекувањата.

„Откупот за реколтата 2025 та година е пред крај, откупени се 99 отсто од количините на тутун. За среќа некаде околу 26 072 илјади тони тутун со просечна цена од 419,18 денари. Ова ни дава за право да мислиме дека оваа реколта ни е успешна бидејќи периодов е зголемен бројот на заинтересирани за склучување на нови договори, посочи Киро Ристески од Сојузот на тутунски здруженија.

Сојузот нема сознанија за нови откупни компании покрај постоечките 10 кои неколку години се регистрирани на пазарот, но според најавите се очекува зголемен интерес кај тутунопроизводителите за новата реколта за која се кројат новите цени. Субвенциите остануваат на ланското ниво 80 денари прва класа, 70 втора и 60 денари за трета класа, како и субвенции за одгледување на тутун по површина и за „зелена нафта“.  Сеуште се преговара за новите цени:

„ Ги завршивме преговорите со сите откупувачи на тутун. Излеговме ние со нашите цени, кои во моментот, што му ги понудивме изнесуваат: 510 денари за прва класа, 460 за втора класа и 400 денари за трета класа. Тоа е под услов, ако купуваат, по класи.

Меѓутоа, до 20 ти февруари треба да не’ известат со цените, ако не ги прифатат нашите цени, тогаш ако излезат со нивни цени, тогаш ќе сметаме дека и  наредната година ќе се купува тутун само во прва класа.

Новите договори можат да се склучуваат од 1 ви март, но до 20 февруари, односно за 5 дена треба да се изјасниме дали ги прифаќаме нивните цени,“ рече Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија“, рече Ристески.

Што се однесува на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2026 та на средбата со новинарите беше истакнато дека ќе претпри одредени измени за некои од секторите за кои земјоделците имаат забелешки.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полициски билтен: Уапсени возачи, одземени два автомобили

Во текот на еден ден полицијата привела две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – управување под дејство на алкохол и возење без дозвола: На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо...

Се доуредува последниот дел од плоштадот Методија Андонов Ченто

Пешачката зона кај хотел Скопје и пред Участокот и делот кон катната гаража кај старата автобуска станица се доуредува. Неколку денови градежната механизација го отстранува стариот слој на асфалт, се подготвува теренот за поплочување и урбано уредување на просторот. Градоначалникот Дејан Проданоски на увид во градежните активности истакна дека овој...

Уште една кадровска промена во Прилеп

Кадровска промена во ЈКП “Водовод и канализација” .- Прилеп. Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп. Јочкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство во ова ЈП “Водовод и канализација”- Прилеп. “Очекуваме нови позитивни промени и одлично функционирање на претпријатието како ефикасен сервис...