Прилепската компанија Комфи Ангел со благодарност за секој вложен час испрати во пензија двајца свои колеги

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионирањето е ново поглавје во животот на човекот.Тоа е периодот кога завршува работникот век, но почнува нова можност, за нов начин на обликување на животот. А, лојалните работници, оние кои остануваат до крајот на својот работен век во компанијата, преставуваат двигател на успешноста на компанјата. Тие се оние вредни и етички корекни луѓе, кои создаваат можност за подобрување на работата, им помагаат на колегите и помагаат во успехот на компанијата. Но, и создаваат можност да се вработат нови генерации.

Секој работодавач и претприемач посакува да има вредни и лојални работници во неговиот тим. А, такви работници веќе 20  години “гради“ компанијата Комфи Ангел, па , работниците  оттаму не заминуваат – туку одат среќни во новото поглавје од нивниот живот – пензионирањето.

Денеска, текстилната компанија Комфи Англед се збогува со  уште двајца свои работици Ордан Николоски и Зоран Мазгалоски кои со години беа столб на Comfy Angel

„Денес со особена чест и емоции испраќаме во заслужена пензија дел од нашите драги колеги Ордан Николоски и Зоран Мазгалоски кои со години беа столб на Comfy Angel. Вашата посветеност, труд, одговорност и лојалност оставија неизбришлива трага во нашата компанија. Вие не бевте само вработени – бевте пример, поддршка и инспирација за сите нас. Со својата работа помогнавте Comfy Angel да расте, да се развива и да стане симбол за квалитет и доверба. Зад вас остануваат години исполнети со предизвици, успеси, тимска работа и безброј споделени моменти. Ви благодариме за секој вложен час, за секоја идеја и за секоја насмевка што ја донесовте во нашето секојдневие. Пензионирањето не е крај, туку почеток на едно ново, заслужено и мирно поглавје. Ви посакуваме здравје, радост, исполнети денови со семејството и време за сите оние работи што досега можеби ги стававте на пауза. Вратите на Comfy Angel секогаш ќе ви бидат отворени – затоа што еднаш дел од семејството, засекогаш дел од семејството“ истакна менаџерскиот тим на компанијата изразувајќи благодарност до своите новопензионирани колеги.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...