Ќе се мијат улиците за почист град

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин.

Имено, На 15.02.2026 година(недела), од 22:00 часот, се до 07:00 часот утрото, другиот ден,  (16.02.2026 година – понеделник), ЈКП,,Комуналец”-Прилеп, ќе извршува ноќно миење на главните сообраќајници во градов.

Се замолуваат жителите кои живеат на главните сообраќајници или жители кои паркираат, во наведениот термин да ги отстранат автомобилите од тротоарите. Со оваа активност која редовно ќе ја извршуваме во иднина, придонесуваме кон подигнување на хигиената во нашиот град и создавање чиста и здрава животна средина.” информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Тие потсетуваат дека за чистотата на градот придонесуваат сите граѓани  и замолуваат  граѓаните одговорно да ја одржуваат чистотата на јавните површини во градот.

Чист град е наша заедничка одговорност!
Да придонесеме сите заедно за поубав Прилеп!” – порача и градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски на својата ФБ страница, поддржувајќи ја оваа акција на комуналците.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...