Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја.
Со света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со свештени лица од прилепското архиерејско намесништво
Традиционално, бакалскиот еснаф во Прилеп го прославува својот патрон празник ,„Св.Три Светители“ од 1954 година, од кога и постои и здружението на бакали, кое преставува еден од најголемите еснафи во Прилеп.. Празникот е посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст кои се сметаат за три столба на христијанската црква.









