РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да стигнат на закажаниот болнички термин.

А, линијата од 13, оо часот од Скопје кон Прилеп, ги зема патниците од државна болница, без тие да мора да одат до Автобуската станица – Скопје, пеш или да трошат средства за такси превоз.

РОМАН на своите патници им нуди и попусти. За деца до 2 години превозот е бесплатен; деца од 2 до 10 години имаат 50% попуст, лицата со инвалидитет 30% попуст, а за слепите лица со придружба превозот им е бесплатен.

Она што е новo, е и вниманието, брзо да се стигни и до автобуската станица во Прилеп. Нема потреба од сопствен автомобил, такси служба ги носи патниците кои патуваат со линијата од 5,30 часот и 6, 30 часот до Автобуската станица-Прилеп.

 

 

 

 

Нови безброј, а доверба од патниците огромна! Грижата за патниците е нивниот приоритет.

 

СЛАВИМЕ 3 ГОДИНИ ЗАЕДНО!
Пред точно три години тргна нашето патување… Со една јасна цел – сигурен, редовен и удобен превоз за секој патник.
Денес, зад нас стојат илјадници патувања, насмевки, средби и безбедно поминати километри. Секое седиште има своја приказна, секоја линија носи нечие очекување, радост или нов почеток.
Голема благодарност до сите патници што ни ја дадоа довербата овие 3 години.
Благодарност и до нашиот тим и возачите кои секој ден се грижат патувањето да биде мирно, точно и сигурно.
Ние не превезуваме само патници — ние поврзуваме луѓе, градови и моменти што се паметат.
Продолжуваме понатаму, уште посветено и со уште поголема грижа за секој од вас.
РОМАМ АД ПРИЛЕП – 3 години сигурно патување, заедно со вас.
Ви благодариме за довербата

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...