Поетско-музичка манифестација „Љубов и вино“ во Цепенков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 13 февруари 2026 /петок/ од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.
– Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и Св. Валентајн – Денот на вљубените – велат организаторите.
На манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети од Клубот на литеаратурни творци – прилеп и творци од гардот, а гостин ќе биде КУД „Преродба 2024“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...

Во тек пријавувањето за пинг-понгарскиот Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“

Во организација на Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“од Прилеп, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп на крајот од месецов и почетокот на март ќе се одржува петтиот по ред Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“. Според распоредот турнирот ќе се одржи на 28 февруари и 1 март...

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост...