УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

До денес реализирани се 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ“ – велат од УЈП.

Напомeнуваат дека во овој момент 5.292 корисници, кои скенирале фискални сметки, имаат внесено погрешна трансакциска сметка поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.

 Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата „Мој ДДВ“. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на „Мој ДДВ“ – апелираат од Управата за јавни приходи.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од

Меѓународен турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“

Викендов на Грдскиот стадион во Пехчево се одржа Меѓународниот младински турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“ Вкупно 48 фудбалски екипи во пет возрасни категории ги одмерија силите во пријатен амбиент и одлична атмосфера. Покрај од Македонија имаше натпреварувачи и од Бугарија и од Албанија, а на крајот сите беа победници. Беа доделени пехари за најдобрите,

Нови станбени единици во Кочани „Alfa 5 – Boulevard Residence“

Станбено – деловен објект „Alfa 5 – Boulevard Residence“ Со инвестирање во објектот „Alfa 5 – Boulevard Residence“ добивате: Топ локација – во најстрогиот центар на градот Функционални распореди со одлична организација на просторот и различни типологии на квадратури Високо квалитетни вградени и завршни материјали Обезбедено ладење и греење – мулти сплит систем Трислоен паркет