Со последните кадровски решенија, Тоше Стојанов и Драганче Даневски веќе ги презедоа раководните функции во ОВР Кочани.
Станува збор за полициски службеници со богато искуство и докажан професионален ангажман во досегашното работење.
Тоше Стојанов е именуван за началник при ОВР Кочани, на позиција што ја презема по Филип Костовски.
Во својата кариера, Стојанов има повеќе од десет години работно искуство, при што работел во специјализирани полициски единици и како инспектор за сузбивање на недозволена трговија со дрога.
Функцијата командир на Полициската станица од општа надлежност Кочани ја презеде Драганче Даневски, кој доаѓа на местото на Горан Миленковски – Спенсер.
Даневски е полициски службеник со речиси три децении работен стаж, а претходно ја извршувал должноста заменик-командир. Неговата последна работна позиција беше инспектор за увиди при ОВР Кочани.
Новите раководни решенија се дел од кадровските промени што следуваа по трагичниот настан од 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









