Промовиран Карате клубот во основање Зрновци (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес во Зрновци беше промовиран Карате клубот во основање Зрновци.

Професор д-р Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија со видео проекција објасни кои се придобивките од вежбањето карате до вештината и на спортско карате.

Саздовски се осврна и на историјата на каратето во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци.

Потоа истакнатите карате мајстори Љупчо Кафеџиоски и Славе Ѓоргоски направија демонстрација на карате техники на што присутните дечиња реагираа со возбуда. Покрај нив, демонстрација направија и Саздовски и Мишел Антонов носител на мајсторски појас 3 дан во стилот вадо рју, кој ќе го води клубот.

На презентацијата присуствуваа дечиња од ОУ „Синиша Стоилов меѓу кои имаше и професори каратисти, градоначланикот на Оштина Зрновци Ванчо Митев, директорката на училиштето Слаѓана Гаврилова и членови на Советот на Општина Зрновци, како и престатвници на други институци од Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обвинение против 13 полицајци за пожарот во ,,Пулс”

  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска поднесе Обвинителен акт против 13 полициски службеници до Основниот кривичен суд Скопје, во врска со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани. По спроведената сеопфатна истрага која опфати вкупно 27 полициски службеници, обвинителството утврди дека тринаесетмината се теретат за кривично дело „Тешки

Трага во бесконечноста – На 27 февруари во ЦК „Бели мугри“ хуманитарна групна изложба во чест на Сара Јорданова

Семејството Јорданови и ЦК „Бели мугри“  подготвуваат проект од културата во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка во кочанската Гимназија, која почина во трагедијата во „Пулс“ од 16 март минатата година. Станува збор за хуманитарна групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“. На изложбата ќе

И големиот „Мерцедес Бенз“ го посети кочанскиот гигант „Амфенол“

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.