Блокадите на македонската граница продолжуваат само за тешки товарни возила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април, сериозно го загрозува опстанокот на транспортниот сектор.

И денеска најавени блокади на сообраќајот само за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Од 12 часот ќе биде блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар ДојранГП Богородица и ГП Меџитлија.

Од 12:20 часот блокиран сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.

Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.

Од 12 часот блокади и на ГП Деве БаирГП Делчево и ГП Ново Село.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...