Со особена чест и задоволство, Ротари клуб Кочани-Виница беше домаќин на гувернерот на Ротари Словенија и Северна Македонија, Матијаж Новак, кој оствари официјална посета на нашиот клуб.
На посетата присуствуваа и претседателот на Сојузот на Ротари клубовите во Македонија, Милош Радуловиќ. Гостите беа топло пречекани од претседателот Влатко Тасев и членовите на клубот, а средбата помина во пријатна, пријателска и работна атмосфера.
Во рамки на посетата, беа презентирани досегашните активности и успешно реализираните проекти на клубот, како и визијата и плановите за идните проекти со кои Ротари клуб Кочани-Виница ќе продолжи активно да придонесува за благосостојбата на локалната заедница.
На состанокот свечено беа претставени новите членови на Ротаракт и Интеркaт, при што им беа врачени ротариски значки како симбол на припадност, одговорност и посветеност кон ротариските вредности.
Нека им е со среќа и успешен ротариски пат на новите членови!
Претседателот на нашиот клуб им врачи подароци и благодарница на Милош Радуловиќ за неговиот личен придонес, како и за поддршката што Сојузот на Ротари клубовите во Македонија ја дава на нашиот клуб.
Посетата претставува силен мотив и дополнителен поттик за сите членови на клубот да продолжат со хумана, одговорна и посветена работа во духот на мотото Service Above Self.
Искрена благодарност до сите гости за поддршката, охрабрувачките пораки и инспиративната средба.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









