На Плетвар намалена видливост до 50 метри, возете внимателно❗

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Поради магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена на само 50 метри. Возете внимателно порачуваат од АМСМ и од Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла до 80 м. има во Струмица, до 100 м. во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50м. и до 100м. во Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, посочуваат од АМСМ .

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02  25 61 502.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приведени 10 Кинези за илегален влез во Македонија

Група од десетмина државјани на Република Кина уапсила полицијата под сомнение за незаконски влез во Македонија:

Протест на дел од вработените во Македонска Пошта, во прилепско неуредна достава

Дел од вработените во Македонска Пошта денеска протестираат поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија. Причината е како што истакнаа на протестот во Скопје задоцнување на исплатата на  плати и лошите услови во кои што работат. „Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од...

💗АПЕЛ ЗА ПОМОШ – МОНИКА СЕ БОРИ СО ТЕШКА БОЛЕСТ❗❗

Никој не сака да го гледа својот најблизок како се бори за живот. Семејството од Моника, нејзината сестра апелира за помош бидејќи тешко е да се истрае. Само за неколку мигови со донација на телефонскиот број: 143 132 на Т Мобил можете и вие да помогнете.  Ова е приказната од...