ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани ќе учествуваат во интервенции за справување со пожари на територијата на државата. Покрај човечките ресурси, на располагање на ДЗС и на државата ѝ се ставаат и шест специјализирани возила во сопственост на друштвото. Од ДПД Кочани истакнуваат дека ова претставува значајно признание за досегашната работа, посветеноста и континуираната заложба, кои биле препознаени од надлежните институции, а довербата официјално потврдена со овој договор. „Ова за нас е дополнителен поттик за понатамошен развој и унапредување на капацитетите, како човечки, така и материјално-технички“, порачуваат од ДПД Кочани, најавувајќи дека активно работат на нивно зголемување и дека во наредниот период ќе споделат нови информации и активности.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









