Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“.
„Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед, природни сокови и милкшејкови, како и уникатни и креативни комбинации од сладолед и кафе, сладолед и смути, смути и кафе, милкшејк и кафе, како и кафе со чизкејк.
Посебен акцент е ставен и на најмладите посетители, за кои е обезбедено детско кафенце.
Со отворањето на слаткото катче „Пингу“ значително се збогатува угостителската понуда во Кочани и се добива ново модерно и топло место за одмор, дружење и семејни моменти.
Повелете и почувствувајте ја слатката магија!
Радио Кочани им посакува успешна и берикетна работа.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









