Виница – Се чисти снег во градот и на повисоките наслени места

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Екипи на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска уште од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во градот, од патните правци кои гравитираат од селата кон градот и од патните правци кон селата во Општина Виница, соопштува локалната самоуправа.

-Исчистени се неколку патни правци: Осојница-Липец, Липец-Блатец, Блатец-Скараница и Виница-Градец. Во моментов се чисти во високите делови од градот, а попладне ќе продолжиме со чистење кон селата Лаки, Пеклани, Драгобраште, Крушево,

Трсино, Трстија, Грљани, Калиманци и Црн Камен, информира градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ ги отвори новите производствени погони, присуствуваше и премиерот Мицкоски и владина делегација

Премиерот, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, остварија работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што беше одржана средба со менаџерскиот и стручниот колегиум на компанијата и свечено беше

Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од