Со утрена богослужба започна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици во црквата Пресвета Богородица во Мало Коњари. Традиционално чинот на полагањето на Светиот крст се изведе во водите на базенот во дворот на црквата каде присуствуваа голем број на верници. Од деветте момчиња кои учествуваа, најсреќен и најупорен беше 16 годишниот Леонид Кукуноски кој го извади чесниот крст. Тој посака здравје, среќа за себе и за семејството и беше награден со пригодни подароци од компании и од Општина Прилеп.









