Независниот советник од советничката листа „Доста беше“ во Советот на Општина Кочани, Никола Крстев, јавно изрази благодарност за можноста да биде дел од, како што истакна, една исклучително хумана и благородна мисија.
Крстев упати посебна почит до двајцата најголеми хуманисти кои имал чест да ги запознае – Ана Симонова претседателката на здружението „Грин Орг“, и Методи Митев, лице со инвалидитет кое, и покрај сопствените предизвици, секојдневно им помага на граѓаните.
Ве молам да не запирате со вашата хумана работа. Јас ви ветувам дека и јас нема да застанам тука“, порача Крстев, додавајќи дека ваквите луѓе се вистински херои.
Тој нагласи дека пожртвуваноста и човечност на Симонова и Митев се примери кои ја одржуваат надежта и солидарноста во општеството.
Имено, денеска беа доставени донации за семејството Лешовски од делчевски Ветрен.
Донацијата се состоеше од храна, облека и парични средства за лекување на Зоран Лешовски и за опстанок на неговиот 12 годишен син, Јован.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









