17-годишник од Кочани е осомничен за крвнички напад врз 19-годишен жител на општината.
Жртвата со тешки телесни повреди пренесен во „Мајка Тереза“ – Скопје
На 13.01.2026 во 18:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 17-годишник, постапувајќи по претходна пријава и поради сомнение дека на 12.01.2026 во Кочани физички го нападнал М.Џ.(19) од Кочани и му нанел тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кочани, по што е пренесен на лекување Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“, соопштија од СВР Штип.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









