Од денеска во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започнува пријавувањето за скокање по Честниот крст

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, среда, 14 јануари 2026 година, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река.

Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед, со навршени 18 години, да сежители на општина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се здрави.

Пријавувањето ќе се врши најдоцна до недела, 18 јануари, во периодот од 8 до 15 часот, во кочанскиот храм.

Информацијата за Радио Кочани ја потврди протојереј-ставрофор Гоце Ефтимов.

Празникот Богојавление – Водици се одбележува в понеделник, 19 јануари, при што тој ден е државен празник и неработен ден.

Потопувањето на Чесниот крст ќе се одржи на мостот во Паркот на револуцијата, каде што оваа верска манифестација традиционално се организира секоја година.

За точниот термин на настанот, Радио Кочани ќе ја информира јавноста навремено.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности

Д-р Лазаров: Не сме далеку од целта, донирајте за Ивана, можеме заедно!

Докторот Ненад Лазаров утрово на својот ФБ профил објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, при што денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Докторот Лазаров сподели и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. Од дното на

Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови. Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури. Соработувала со единствениот весник за хумор