Посета на Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во Центар за култура „Бели мугри“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во текот на вчерашниот ден, Претседателот на Комисијата на  Агенцијата за електронски комуникација Орце Симов, ја посети Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани.

При посетата, со Претседателот Симов беше разговарано за текот на постапката за реализација на донираните финансиски средства од Агенцијата за електронски комуникација, наменети за набавка на современа мобилна кино- опрема, за замена на веќе застарената и дотраена опрема стара речиси шест децении.

Симов беше информиран околу набавката на новата кино – опрема која е во завршна фаза по спроведената тендерска постапка и склучениот договор за набавка на нова, како и за планираните проекции на филмови на почетокот на месец март годинава, откако ќе биде инсталирана опремата и извршена неопходната обука на вработени лица за ракување со истата.

Претседателот на Комисијата на АЕК Орце Симов изрази подготвеност за идни соработки на АЕК со Центарот за култура, со надеж дека со осовременување на опремата и  техниките за промовирање на културните вредности ќе влијае позитивно и ќе придонесе кон заздравување на популацијата од сите возрасни категориина подрачјето на Општина Кочани по трагедијата што се случи минатата година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности

Д-р Лазаров: Не сме далеку од целта, донирајте за Ивана, можеме заедно!

Докторот Ненад Лазаров утрово на својот ФБ профил објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, при што денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Докторот Лазаров сподели и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. Од дното на

Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови. Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури. Соработувала со единствениот весник за хумор