Шеесет и седумгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама, при што ѝ биле одземени 12.400 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена на 9 јануари 2026 година во 15:00 часот во ОВР Виница, оштетената била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ соопштил дека нејзината снаа наводно се здобила со тешка повреда на работното место и дека итно биле потребни пари за хируршка интервенција.
Како што е пријавено, жената подигнала пари од банка и ги оставила на локацијата што ѝ била посочена од лицето, верувајќи дека помага во лекувањето. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот. објави Скопје1.мк
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









