Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Поради обилно надојдените води, на територијата на Кочанско се регистрирани одрони и свлечишта на локални патни правци.

Утрово, со помош на механизација на КЈП „Водовод“, е извршена интервенција за отстранување на свлечиште на патот меѓу селата Бели и Пантелеј. По завршената интервенција, патниот правец е целосно расчистен и повторно прооден за сообраќај.

Истовремено, со механизација е отстранет и одрон на патниот правец Кочани – Брана Гратче, со што е овозможено безбедно одвивање на сообраќајот.

Надлежните апелираат до возачите да управуваат со моторните возила внимателно и претпазливо и да ја приспособат брзината според условите на патот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на Кочани (состојба до 09:00 часот)

Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран. На повеќе патни правци

Драги од Село Нивичани – Живот без струја, без сигурност и без поддршка – тивка борба за опстанок“…

Со години, во домот на овој човек нема електрична енергија. Единствен извор на светлина и топлина е старо шпоретче на дрва. Иако е болен, секојдневно оди по планината, собира дрва и сам ги носи до куќата, само за да може да се загрее во студените зимски денови. Куќата во која живее е во исклучително лоша

„Аминта Зрновци“ – љубов на прв залак…

Кога сакате вистински вкус и одлична атмосфера  – знаете каде треба да одите. Ресторан „Аминта“ – Зрновци ве пречекува со искуство градено со години и љубов кон добрата храна. Од сочна и топла скара , до пици штотуку извадени од фурна на жар, пастрамајлии богати со вкус, селско месо, лебче со кајмак и специјалитети од