Почна пријавувањето за „Спортски асови“ во Виница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Општина Виница и годинава ја продолжува традицијата на чествување на спортските успеси, организирајќи ја манифестацијата „Спортски асови 2025“ – настан кој веќе неколку години претставува симбол на признание, вреднување и афирмација на спортот и спортските достигнувања во општината.
Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2026 година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање кандидати за избор на:
• најдобар спортист за 2025 година;
• најдобар млад надежен спортист;
• најдобра спортска екипа;
• најдобар спортски тренер;
• најдобар спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски екипи и спортски работници од спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Виница.
Секој предложен кандидат е должен да достави копија од важечка клупска легитимација.
При пријавувањето потребно е да се приложат податоци за постигнатите спортски резултати, како и копии од добиените признанија за освоени места на турнири, државни и меѓународни натпревари.
Рокот за поднесување на пријавите е до 02 февруари 2026 година.
Документацијата се доставува до Одделението за јавни дејности, преку Едношалтерската канцеларија во Општина Виница.
За дополнителни информации:
 074 248 033
Општина Виница

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Телефонска измама во Виница: Жена останала без поголема сума пари

Шеесет и седумгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама, при што ѝ биле одземени 12.400 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според пријавата поднесена на 9 јануари 2026 година во 15:00 часот во ОВР Виница, оштетената била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ соопштил дека

Информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на Кочани (состојба до 09:00 часот)

Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран. На повеќе патни правци

Драги од Село Нивичани – Живот без струја, без сигурност и без поддршка – тивка борба за опстанок“…

Со години, во домот на овој човек нема електрична енергија. Единствен извор на светлина и топлина е старо шпоретче на дрва. Иако е болен, секојдневно оди по планината, собира дрва и сам ги носи до куќата, само за да може да се загрее во студените зимски денови. Куќата во која живее е во исклучително лоша