Mиха е првото бебе во 2026 година во Општата болница – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Неколку часа по полноќ, 7, јануари 2026 година оклу три часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Виолета Димитровска од  Оризари го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Миха и е втора рожба во семејството Димитровски.

Бебето е родено со тежина од 3.500 грама и 53 сантиметри должина.

Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето.

Врчувајќи им ги традиционалните подароци им поска добро здравје и многу среќа, а упати и благодарност до персоналот што го изврши породувањето.

Исто така, Локалната самуправа на Кочани обезбеди подарок – телевизор за перосоналот на акушерското одделение.

Спореде податоците од гинекологот Илчо Атанасовски породувањето поминало добро.

Негова оценка е дека 2025 година ја поминале со 17 породувања, 1.600 прегледи, како и 230 хоспитализации.

Радио Кочани на семејството Димитровски им посакува многу здравје, среќа и да бидат горди родители на малиот Миха.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности

Д-р Лазаров: Не сме далеку од целта, донирајте за Ивана, можеме заедно!

Докторот Ненад Лазаров утрово на својот ФБ профил објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, при што денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Докторот Лазаров сподели и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. Од дното на

Саем на книгата 2026 – Литературен портрет на авторката Ленче Стоименова

На Саемот на книгата денеска беше претставен книжевен портрет на Ленче Стоименова, авторка од Кочани, најнаградувана жена афористичар во земјава, која има објавено петнаесетина книги од разни жанрови. Стоименова (1958) пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви и црта карикатури. Соработувала со единствениот весник за хумор