Дека и да си за Бадник дома да си…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Гранчиња од даб под масата, кои потоа завршуваат во оган, не раскревање на храната и пијалокот  од трпезата после вечерата и оставање отворен прозор кога домашните се веќе на спиење (за да може Господ да си замине откако вчерал) , се некои од обичаите карактеристични за Кочани. Исто така, најсрекникот, кај кој што ќе се „падне“ паричката, дополнително се наградува со симболична сума на пари, додека паричникот на домаќинот, бадниковата ноќ ја поминува под трпезата и масата на која се вечерало.

Понекаде во Кочани, кравајчето со паричка го крши и ги дели искршените мали парчиња на останатите членови од семејството според возраста – домаќинката. Иако, тоа вообичаено го прави највозрасниот маж во куќата  или домаќинот. Откако ќе започне да се крши од кравајчето,  парчето од десната рака е за Гспод, од левата за Богородица. Свеќата што се пали претходно кога во куќата доаѓа свештеник да свети вода  за здравје, се чува и таа догорува за време на бадниковата вечера, која започнува откако се повикува дедо Боже да му се приклучи на семејството. Паричката од кравајчето кога ќе се пронајде се става во чаша со црвено вино, од која по голтка пијат сите членови на семејството и наздравуваат.

Постарите велат дека некогаш луѓето од овој крај, на Бадник се раздолжувале меѓу себе, при  што не се мисли на пари. Тој што од комшија, роднина или пријател позајмил нешто, настојува на тој ден да му говрати. Лош збор за Бадник не се користел.

Народната „кај и да си, за Бадник дома да си“ важи и за луѓето од овој крај. Сите навечер си се дома, не одат по гости.

Трпезата, како и секаде е посна. Со грав, варени компири, сарми, ошав, пилав или лапа, печена тиква, суви пиперки, костени, смокви, печени или сушени јаболки, сува модра слива. Задолжително има нешто месено или сукано, најчесто зелник со афионско семе или со зеље од праз и ориз.

Коледарчињата наутро сеуште се честа слика. Го најавуваат празничниот ден, за што добиваат „ситни“ пари, ореви, нешто месено, коледашки, бомбони…Се пали бадников оган вечерта претходно.

Сепак и овде има разлики во зависност од тоа од каде потекнува  семејството, од Осоговијата или од полскиот дел на микро-регионот околу Кочани. Разлики се појавуваат дури од маало во маало.

Но, кршењето кравајче со паричка, посната и богата трпеза, дабовото или бадниково гранче и сите дома за Бадниковата вечера, и порано и сега се присутни во секоја куќа.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Виница: Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти

Ве информираме дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 03.03.2026 година, што претсавува последна можност за сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Виница, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за нивно комплетирање и решавање. Ги повикуваме сите засегнати лица навремено да се

Почна пријавувањето за „Спортски асови“ во Виница

Општина Виница и годинава ја продолжува традицијата на чествување на спортските успеси, организирајќи ја манифестацијата „Спортски асови 2025“ – настан кој веќе неколку години претставува симбол на признание, вреднување и афирмација на спортот и спортските достигнувања во општината. Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2026 година, Општина Виница објавува

Шеврон и „Квантом“ во трка по империјата на Лукоил од 22 милијарди долари

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и приватниот инвестициски фонд „Квантум енерџи партнерс“ се позиционираат како водечки кандидати за преземање на меѓународните средства на рускиот „Лукоил“, чија вредност компанијата ја проценува на околу 22 милијарди долари. Според агенцијата Ројтерс, „Квантум“ подготвува понуда преку новоформираната платформа Artemis Energy, во која би можел да се вклучи и „Шеврон“. Доколку