ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2025 ГОДИНА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2025 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

најдобар спортист за 2025 година;
најдобар млад надежен спортист ;
најдобра спортска екипа;
најдобар спортски тренер;
најдобар спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 16 јануари 2026 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мирен почеток на 2026 година во Кочани – дежурните служби без поголеми интервенции

  Новогодишната ноќ во Кочани поминала релативно мирно, информираат дежурните служби, а информациите ги потврдија за Радио Кочани надлежните институции. Во Општата болница со проширена дејност во Кочани, во службата за Итна медицинска помош биле прегледани вкупно 26 лица. Кај пациентите била евидентирана здравствена симптоматологија што не била поврзана со новогодишната прослава. Укажана била помош

Кочанчанец приведен откако возел во спротивен правец на кружен тек и улицата „Димитар Влахов“

Во Кочани, на 01.01.2026 година во 01:50 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Ѓ. (69) од Кочани, затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец, по што продолжил да се движи спротивно и по улицата „Димитар Влахов“ во Кочани.

ОД ШКАФЧЕ ДО БАНКОМАТ, УКРАДЕНИ 650 ЕВРА ВО КОЧАНИ Некој провалил во Центарот за дијализа

Одделението за внатрешни работи во Кочани поднело кривична пријава против двајца граѓани осомничени за технолошки и класични кражби. Според информациите од полицијата, првопријавениот, 42-годишниот О.С.А. од Штип,  неовластено влегол во простории на Центарот за дијализа во Кочани и од шкаф на две вработени лица одзел паричник со пари, две банкарски картички и лични документи. Истиот